Селекцијата на Аргентина ќе продолжи со своите настапи на Копа Америка, откако победи против Катар (2-0) и избегна срамна елиминација во фазата по групи. „Гаучосите“ финишираа на втората позиција на табелата во групата благодарание на Колумбија, која не тактизираше и го совлада Парагвај со 1-0.
Аргентинците во вистинско време се освестија и ја забележаа првата победа која им ги отвори вратите за четвртфинале. Претходно, фаворизираните „гаучоси“ предводени од Лионел Меси одиграа една нерешена средба и изгубија.
Фудбалерите на Аргентина на дуелот со Катар влегоа решително а таквиот пристап вроди со плод во 4-та минута кога со голот на Лаутаро Мартинез го отворија резултатот. Бројките на семафорот се сменаа дури во 82-та минута. Серхио Агуеро погоди за 2-0 и го постави конечниот исход.
Како првопласирана од групата во елиминациската фаза патува Колумбија, Аргентина заврши втора а Парагвај со 2 бодови има малку шанси да биде помеѓу најдобрите две третропласирани екипи од сите групи.
OhridNews