Постот на Аргентина без титула од големите натпреварување многу извесно е да продолжи и на новото издание на Копа Америка, откако „гаучосите“ ниту во вториот меч не успеаја да ја забележат првата победа, ремизирајќи со Парагвај 1-1. Во преостанатиот дуел од групата Колумбија славеше со 1-0 против Катар и изби на чело од табелата во групата Б.
Аргентина со Лионел Меси во составот се вбројуваше во тесниот круг на фаворити за титулата но за сега со ништо аргентинската селекција не потврди. После поразот во првата рунда следуваше нов разочарувањето за навивачите и реми со Парагвај, кој може да жали што не го освои целиот плен. Селекцијата на Парагвај имаше водство со голот на Ричард Санчез во 37-та минута, а резултатот го изедначи Меси од пенал во 57-та минута. Пет минути подоцна Дерлис Гонзалез пропушти прилика да ја нокаутира Аргентина промашувајќи удар од белата точка.
Репрезентацијата на Колумбија со голот на Дуван Запата во 86-та минута обезбеди минимален триунф (1-0) со Катар и пласман во следната рунда од првата позиција на табелата во групата.
Во последната трета рунда во групата Б, „гаучосите“ имаат две опциии. Првата е да победат и да чекаат услуга од Колумбија која треба да не изгуби од Парагвај а другата е победа со повеќе голови разлика и борба за најдобро третопласирана репрезентација.
OhridNews