Вљубениците на фудбалот задоволно можат да тријат раце од исходот на Копа Америка, откако аргентинската селекција предводена од Лионел Меси им се придружи на „кариоките“ на чело со Нејмар во големото финале.

Бразилците билетот за натпреварот вреден златен медал го чекираа со триумфот над Колумбија после изведувањето на пеналите (3-2). Регуларниот дел заврши 1-1. Колумбијците не се покажаа како добри изведувачи, промашувајќи три од петте пенали. „Гаучосите“ реализираа три од четирите, што се покажа доволно за финале.

Финалниот натпревар на Копа Америка се игра недела кон понеделник во 2 часот после полноќ.

OhridNews