Полициски службеници од ОВР Струга одржаа работен координативен состанок со претставници на хотелско – угостителските објекти од градот, како и со претставници и одговорни лица во агенции за приватно обезбедување.
Притоа се дефинираа мерките за координирање на активностите со цел подобрување на јавниот ред и мир и севкупната безбедност на подрачјето во пресрет на претстојните Новогодишни и Божиќни празници. На работната средба, претставниците на ОВР Струга посебно нагласија дека заедничката соработка е од огромно значење за обезбедување стабилна безбедносна состојба за време на празничните денови и успешно справување со нарушувањата и другите сторени прекршочни или кривични дела, информираат од СВР Охрид.
При тоа, беше нагласена и потребата од почитување на работното време, а посебен осврт беше ставен на почитување на одредбите за присуство на малолетни лица во угостителски објекти.
Договорена беше тимска работа и ажурност, меѓусебна координација и зголемена мобилност за поефикасно делување на целото подрачје, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews