Србија отвора почесен конзулат со седиште во Охрид а како конзул е назначен Михајло Филев. Тој смета дека отворањето на дипломатското претставништво во Охрид ќе биде нова димензија во односите на Република Србија и Република Македонија и нов модел на делување во повеќе области.
Пред се ќе ја презентираме културата на македонскиот и српскиот народ, а ќе работиме и на заеднички проекти за развој на бизнисот. Тоа ќе биде еден мост кој е цврсто граден во минатото и кој ќе значи многу за иднината, но и за односите на нашите два народа. – рече во гостувањето во емисијата 2Напладне“ на Охридњуз, почесниот конзул на Република Србија во Охрид Михајло Филев.
Отворањето на дипломатското претставништво на Република Србија во Охрид е значаен момент за целиот регион, додаде Филев, кој најави дека активно ќе се ангажира на новата јавна функција во насока на подобрување на соработката помеѓу двете соседни земји
За делувањето на конзулатот и придобивките од истиот за Југозападниот регион со Михајло Филев зборуваме во новото издание на “Напладне”.