Конвојот на Црвениот крст кој се упатува кон Мариупол денеска ќе се обиде да евакуира цивили од опколениот украински град.

Мариупол, опколен уште од раните денови на руската инвазија, е главната цел на Москва во Донбас. Десетици илјади се заробени таму со слаб пристап до храна и вода.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во петокот испрати тим што водел конвој од 54 украински автобуси и други приватни возила од градот, но тие се вратиле, порачувајќи дека условите ги спречиле цивилите да продолжат да се евакуираат.

Во сабота тие повторно ќе се обидат да го олеснат безбедното минување на цивилите, се вели во соопштението на МКЦК.

Претходниот обид за евакуација на Црвениот крст на почетокот на март не успеа бидејќи беше утврдено дека рутата е небезбедна.

Русија и Украина се договорија да воспостават хуманитарни коридори за време на војната за да се олесни евакуацијата на илјадници цивили. МКЦК вели дека неговата операција во Мариупол е одобрена од двете страни, но клучните детали, како точното време и дестинацијата на конвојот во Украина, се уште се разработуваат.

OhridNews