Младински Совет Охрид како регионална канцеларија на коалицијата на младински организации ,,СЕГА“ организираше промоција на конвенцијата на правата на детето помеѓу децата во Македонија. Проектот се имплементира во пет градови во Република Македонија помеѓу кои Охрид беше избран за еден од градовите каде што се реализраат активностите.


Промоцијата се одржа во ОУ Христо Узунов кое е првото училиште во регионот во кое се реализира оваа активност. Промоцијата беше збогатена со настап на хорот и малиот оркестар при ОУ „Христо Узунов“ под раководство на Вера и Илија Булоски.


Се доделија и дипломи за најдобра ликовна и литературна творба, за што претходно во училиштето беше распишан ликовен и литературен конкурс на теми кои произлегуваа од конвенцијата на правата на детето, а се поврзани со детска партиципација, учество на децата, слободно изразување, слободно мислење и вероисповед, слобода на здружување и право на образование.


Диплома за најдобра литературна творба добија: Маријана Котоска за освоено прво место, Екатерина Петреска за освоено второ место и Радмила Мила Коцарева за освоено трето место, кои пред многубројната публика им ги претставија своите творби, проследени со музичка изведба од страна на малиот оркестар при ОУ Христо Узунов.


Дипломи за најдобра ликовна творба добија: Емилија Алексијоска за прво место, Екатерина Петреска за второ и Андрјиана Стрезоска за освоено трето место.


На истите теми твореа и членовите на литрературниот клуб на Младинскиот Совет Охрид, а дел од нив претставија со свои поетски и прозни творби, како и со мини драма.


Во текот на целата програма наградените на ликовниот конкурс твореа заедничка творба на тема правата на децата.
На училиштето Христо Узунов, коалицијата на младински организации СЕГА, му додели благодарница за поддржување и учество во промоцијата.

Ohridnews