Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија , Дејан Пановски , денеска и утре во Женева ќе учествува во работата на состанокот на Комитетот за политики во животната средина  – Работната група за подготовка на Белградската Конференција  за животна средина,  која Конференција престои
во октомври.

Главната цел на учеството всушност е поддршката  на иницијативата за усвојување на Конвенција за планините во Југоисточна Европа чиј носител е токму Република Македонија, која иницијатива треба да биде ставена на агендата на Белградската Конференција за животна средина и од која треба да произлезат низа активности кои треба да овозможат заштита и управување  на планинските масиви во Југоисточна Европа , за кои активности Македонија треба да има носечка улога.