Тату уметниците од Бразил и остатокот на светот овој викенд се собрале во Рио де Жанеиро по повод отвораето на „седмицата на тетоважи“. На повеќе од 200 штандови, љубителите на сликањето по телото биле во можност да изберат некоја од повеќе илјади идеи на најдобрите и најеминентни тату уметници кои учествуваат на оваа конвенција. Ова е трета година по ред како во овој бразилски град се организира овој настан.
Во склоп на саемот се организраат неколку натпреварувања, како избор за Мис тетоважа, а резултатите ќе бидат објавени утре, откако ќе заврши овогодинешната програма. Барбара Алт, тату уметник и минатогодишна мисица, изјавила дека оваа ковенција е добра работа бидејќи на луѓето им дава можност да видат дека тие не се чудовишта со седум глави, туку само обични луѓе кои сакаат тетоважи. Таа додала дека пред десетина години ваквите собири биле незамисливи.