Концесионерот на охридскиот аеродром ќе биде познат во август
16.06.08 08:47
Новиот концесионер на аеродромот „Св Апостол Павле“ во Охрид, ќе биде познат во август, изјави во Охрид министерката за економија, Вера Рафајловска. „При крај е тендерот за издавање на охридскиот и скопскиот аеродром под концесија, како и тој за изградба на карго аеродром во Штип и верувам дека целата постапка ќе биде готова до август“ рече Рафајловска.
Како што веќе објави Ohridnews , странските компании “Vienna Airport” – Австрија, , “TAV-Турција, “Hochtief“- Германија и мешовитата француско-британска компанија “EGIS”, покажале интерес за концесионирање на аеродромите во Македонија.
На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид согласно условите од тендерот, предвидено е реконструирање на паркингот, реновирање на карго центарот, изградба на ВИП објект и пречистителна станица, реконструкција на постоечката административна зграда, набавка на нови патролни и противпожарни возила и на нова потребна опрема за аеродромот да функционира согласно меѓународните стандарди.
Идниот концесионер ќе стопанисува со охридскиот аеродром во наредните 20 години.
Според полицијата, вчера околу 18 часот, едно лице насилно ја отворило металната врата од паркингот на улицата „АСНОМ“ во Охрид, кој го користи ЈП „Комуналец – Механизација“, каде било паркирано па...
Во полицискиот билтен синоќа биле евидентирани два инциденти во кои учествувале малолетници СВР Охрид соопшти детали за немилите настани за кои нема дополнителни информации за евентуална поврзаност...
Во врска со условниот отпуст на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, Јавното обвинителство преку соопштение појаснува дека ниту еднаш не дало поз...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.