Дел од концесионерите на плажи апелираат на внимателно планирање на режимот на сообраќај на потегот од мостот до Горица 1. Според нив доколку се постават несоодветни физички препреки на коловозот, за што според нив имало најава, ќе биде отежнат пристапот на возилата на брза помош и пожарна до повеќе плажи. Тие предупредуваат дека тоа може да ја наруши безбедноста на плажите, но и ќе го отежни нивното снабдување со потребните намирници.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com