За констатираните недостатоци Комисијата им дала рок на концесионерите да ги отстранат за десеттина дена.
– Доколку и по дадениот рок тоа не го направат, ќе им бидат изречени парични казни. Доколку и потоа се утврди дека плажите работат без да бидат исполнети потребните критериуми концесијата ке им биде одземена по што за таа плажа ќе има ново јавно надавање, информираше Љупчо Настевски капетан во Капетанија Охрид.
Тој информираше дека на оние концесионери кои се уште ги немаат отворено плажите за гостите, поради изведување на градежни активности им бил даден рок од две недели да завршат со работите и плажата да ја оспособат за користење.
Од капетанијата уште информираат дека инспекцискиот надзор по струшкото крајбрежје ќе продолжи со интензивно темпо до крајот на туристичката сезона за да се утврди дали капалиштата на плажите се соодветно обележани, како и дали закупците имаат ангажирано соодветни служби за спасување на вода. Истовремено, се предупредуваат закупците дека сите неправилности и пропусти ќе бидат санкционирани, согласно законската регулатива.
извор: МИА