Концесионерите на плажите не го почитуваат комуналниот ред
16.08.08 13:16
Дел од концесионерите на охридските плажи не го почитуваат комуналниот ред, обвинува ЈП Охродски Комуналец. Некои од закупците на плажите немаат поставено корпи за отпадоци и контејнери, а дел од нив ги немаат подмирено и трошоците за подигање на отпадот од минатата година, изјави за Ohridnews, Сашо Алче, раководител на сектор во Комуналец. Тој посочи дека закупците на плажи неретко отпадот го одлагат во контејнери или на простор предвиден за физички или правни лица со што се зоздава грда слика и се отежнува работата на комуналните екипи. Исто така, вели Алче, дел од плажите немаат одреден простор за одлагање на сметот така што нивното чистење е отежнато.
Закупците на плажите не го почитуваат комуналниот ред – Сашо Алче
Од јавното комунално претпријатие информираа дека оваа година извршиле корекции на цените за за подигање отпад од плажите издадени под концесија, кои како што тврдат оттаму, биле намалени за квадратурата која ги опфаќа зелените површини на уредените плажи. Инаку и годинава сериозен проблем е чистењето на плажите кои не се издадени под концесија затоа што таму исто така нема комунален ред.
На патот кон сГиновце, општина Ранковце, вчера, полициски службеници од ОВР Крива Паланка лишиле од слобода 47-жител на Крива Паланка, кој управувал патничко возило „БМВ“ со кривопаланечки региста...
На на 63 годишна возраст, денеска почина истакнатиот македонски композитор, продуцент и аранжер, Тоше Поп – Симонов Поп Симонов, во својата богата и плодна кариера соработуваше со бројни изве...
На 18042025 околу 12 часот во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското Eзеро, кај „Канео“, забележано е повредено лице кое потоа со пловен објект е пренесено на градското пристаниште, кад...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.