Идниот концесионер на Охридското Езеро ќе го одредува Министсртсвото за животна средина, кое со одлука на владата неодмана го презеде управувањето со водите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Трансферот на надлежностите  неодамна доби, зелено светло во владата и ќе се одвива  согласно директивите на ЕУ, според кои  во надлежност на министрството за животна средина  преминува и издавањето на концесии за стопанисување со езерата и другите водни ресурси, ни изјави државниот сектретар во министерството за животна средина, Дејан Паноски.

“Една од препораките беше управувањето со водите да биде работа на едно министерство. Ќе има еден грејс период од 2 години во кој што ќе треба да се направи институционална потавеност и конечно водите од аспект на заштита и управување да дојдат во животна средина’, рече Паноски.

Инаку во моментов Охридското Езеро нема концесионер и е без физичка заштита. Таквата состојба ја користат риобокрадците кои продолжуваат со уништување на пастрмката, која и покррај забраната за лов слободно се нуди  и продава во рестораните. Владата неодамна го поништи тендерот за давање на Охридското Езеро под концесија, и одлучи идниот стопан да се избира дури откако ќе се донесе новиот Закон за рибарство кој е во процедура.

Г. Момироски