Облечен во дрес на фудбалскиот клуб Барселона со бројот еден и своето име напишано на него, Боно Вокс ја запеал песната “Angel of Harlem” со која го отворил концертот. Пееле пред 90 илјади гледачи на стадионот на фудбалскиот клуб Барселона. Тоа беше прв од концертите кои ќе ги одржат во рамките на турнејата 360 степени, во која ќе посетат 31 град во Европа и Северна Америка.


Боно во текот на концертот зборувал за финансиската криза и изјавил оти  се свесни дека картите се скапи, но ветил дека тие на секој концерт ќе дадат се од себе. Тие се поврзале и  со вселенска станица, а астронаутите порачале дека ги слушаат одлично.