Концертот на Ријана одржан во петокот ноќта во Далас морал да заврши порано поради тоа што во горниот дел на сцената на „American Airlines Center“ избил пожар, а искри почнале да паѓаат и на подот. Поп звездата поставила неколку пораки на Твитер по инцидентот, а во едната пишувало дека ја буквално ја запалиле сцената во Далас.


Пожарот најверојатно избил поради пиротехничките средства кои се користеле за време на концертот, а капетанот на противпожарната бригата во Далас рекол дека се запалиле и седиштата.