Британскиот рокер Пол МекКартни го распродаде својот концерт закажан во хотелот Лас Вегас на 17 април за само седум секунди, објавиле организаторите.
Промотерите на концертот во Хард Рок хотелот, велат дека сите 4000 влезници по пат на интернет се продадени за седум секунди. Со просек од 600 влезници по секунда, тоа е веројатно светски рекорд, додаваат.
Хард Рок хотелот го ангажирал 66-годишниот МекКартни за отварање на својата нова сала за концерти, наречена Џоинт.