После американска турнеа во Детроит, Чикаго и Колумбос каде настапи пред 43 – тиот Претседател на САД, Џорџ Буш, Владимир Четкар се врати на кратко повторно во Македонија во родниот Охрид каде со својот секстет претстојната сабота, 10-ти октомври, ќе одржи денски концерт во ресторанот „Кај Четкар“ на „Билјанини извори“ со почеток во 15 часот.
Ден пред тоа, во петок, Четкар за прв пат ќе се претстави пред штипската публика со концерт во Домот на млади.
И на двата настапи Четкар ќе биде придружуван од Ѓоле Максимовски на Бас, Виктор Филиповски на Тапани, Александар Златевски на Труба, Филип Стевановски на Тромбон и Борислав Веселинов на Тенор Саксофон.
Неодамна Четкар настапи во Скопје, во „Барбакан“ а концертот беше дел од „Култиватор“ фестивалот.
OhridNews