Руските уметници, виолинистот Максим Федотов и пијанистката Галина Петрова вечерва ќе одржат концерт на „Охридско лето“. Тие ќе музицираат во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
На програмата се дела од Џузепе Тартини, Фриц Крајслер, Сергеј Прокофјев, Петар Илич Чајковски, Николај Римски-Корсаков и Александар Бородин.
Федотов е руски виолинист и диригент. Се школувал на Московскиот конзерваториум кај видни професори (Борис Сергеев, Игор Безродни, Владислав Чернушенко).
Во текот на својата кариера настапувал на некои од најпрестижните сцени во Русија, Англија, Германија, Финска, Австрија, Шпанија, Јапонија, Италија и др. Исто така, соработувал со некои од најреномираните оркестри и уметници во Русија, но и надвор од неа.
Добитник е на повеќе национални и интернационални награди. Паралелно со неговата концертна активност се одвива и диригентската. Од 2003 до 2005 година бил шеф-диригент на Рускиот симфониски оркестар.
OhridNews