Роден во Авињон, Пјер Омаж почнал да учи музика на Конзерваториумот на Авињон, пред да биде примен во класата на Кристијан Фера. Работел и со рускиот виолинист Виктор Либерман и добил почесна диплома од Кигиана академијата во Сиена во класата на Хајнрик Шеринг и Франки Гули. Ја започнува својата кариера истата година во Италија на меѓународниот фестивал на Кремона, свирејќи ги соло Сонатите и Партитите на Ј. С. Бах, рамо до рамо со Салваторе Акардо и Шломо Минц по повод 300 години од раѓањето на Бах. Од тогаш, уметничката активност на Пјер Омаж расте низ Европа и САД.
Мишел Бурдонкл е роден во Марсеј во 1960. Започнува да учи музика со Жаклин Куртен и Бернар Флавињи во Екс во Прованса. Го продолжува своето образование во класите на Женевјев Жој и Доминик Мерле на Високиот конзерваториум за музика во Париз каде што е добитник на први награди за камерна музика и пијано.
Мишел е победник на Меѓународниот натпревар „Асанте“ во 1984 во присуство на Јанис Ксенакис. Неговата дискографија е снимена за Дорон Музика, ЕМС Мастер Саунд, 3Д Класикс и Наксос Марко Поло. Има направено бројни записи за радио и телевизија, со дела на Бах, Шопен, Лист, Дебиси, Форе, Берг, Месијан, Лутославски и Булез покрај другите.