Англиската електронска музичка група „The Prodigy“ приредија двочасовен концерт за паметење и прераскажување на стадионот „Билјанини Извори“ во рамки на фестивалот „Ohrid Calling 2016“.

„The Prodigy“ пред десеттиците илјади посетители во Охрид ги изведоа своите препознатливи хитови и направија прекрасна атмосфера.


Најпопуларната електронска музичка група ја оправда довербата од охриѓани и туристите, а организаторите и Авалон продукција најавуваат нови концерти од светски размери.


Со концертот на „The Prodigy“ се комплетираше првото издание од фестивалот „Ohrid Calling 2016“ кој започна на 1 август со настапот на дуото диџеи Nicky Romero & Lost Frequencies, а продолжи со одличниот перформанс на Al De Meola на Античкиот театар.

OhridNews