Навивачката група “РИБАРИ” со поддршка на хуманите луѓе и институции во Охрид и пошироко денеска со почеток во 19:30 часот во Центарот за култура “Григор Прличев” организира хуманитарен концерт на кој учество ќе земат фолклорни друштва, балетска група и познати естрадни ѕвезди.

Средствата собрани од продажбата на влезници за оваа хуманитарна манифестација ќе бидат наменети  за помош  на децата на мировниците во мисијата „Алтеа” во Босна и Херцеговина кои настрадаа во хеликоптерската несреќа што се случи минатата година крај Скопје.

На хуманитарниот концерт покрај други познати јавни личности е најавено присуство и на претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Република Македонија, како и членови на семејствата на мировниците.

Ohridnews