Во недела, 9 јуни, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одржи годишен концерт на Студиото за танц “БАХ” од Струга, со штп ќе се одбележат 19 години работа на студиото.

Посетителите на концертот ќе имаат можност да проследат бројни нови и интересни кореографии, атрактивни гости. На концертот ќе настапат сите ѕвезди и ѕвездички кои членуваат во студиото, како и соработници  со кои оствариле успешни настапи-  Дарко Илиевски,Викторија Лоба,Денис Мурат,Ивица Велоски и други.

Концертот ќе почне во 18 часот и 30 минути.

OhridNews