Големата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ, на 1-ви август 2015 година ќе одржи концерт на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Во истиот термин и на истото место Чолиќ одржа концерт во 2012 година.

Билетите за концертот се веќе пуштени во продажба по цена од 500 денари. Влезниците за фан пит чинат 700, за трибина 600, а за ВИП делот 1000 денари.

Организаторите на концертот најавуваат незаборавна забава со многу музички изненадувања, на која ќе бидат отпеани најголемите хитови од неколкудецениската кариера на Чолиќ, кој според изјавите во медиумите нетрпеливо го очекува доаѓањето во Охрид, бидејќи за него тоа е град за кого го врзуваат неверојатни спомени и неколку искрени пријателства.

OhridNews