Во рамки на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во катедралната црква Св. Софија со почеток во 21 часот, концерт ќе одржи албанскиот пијанист Замир Кабо.

На програмата се дела од Хајдн, Шуман, Бах и Стравински.

Замир Кабо е добитник е на повеќе награди, меѓу кои Гранд при наградата на натпреварот „ЕПТА“ во Албанија во 2005 година, Прва награда на натпреварот „Шопен“ во Тирана (2002, 2003, 2004), како и на натпреварот „Фредерик Шопен“ во Рим во 2001 година. Настапувал со Симфонискиот оркестар на Будимпешта, со Симфонискиот оркестар на ФМУ во Скопје, со Симфонискиот радио и симфониски оркестар на Албанија. Кабо е професор на Академијата за уметности во Тирана.

OhridNews