Светски познатиот џез и фанк музичар Владимир Четкар, на 19-ти август, сабота, ќе одржи концерт со својот секстет на терасата на хотел Филип во Охрид. Вратите на хотелот за настанот се отвараат во 20 часот, а концертот според најавите на организаторот ќе започне во 21 часот.
Цената на влезниците изнесува 300 денари.
Настапот во х. Филип доаѓа по исклучително успешната турнеја на Четкар во Азија, каде тој настапи на најпрестижните џез фестивали и гостуваше во најпознатите телевизиски шоуа на далечниот исток.
OhridNews