На Охридско лето, денеска, двојна програма.
Во катедралната црква Св. Софија од 21 часот концерт ќе одржат Весна Гиновска-Илкова (сопран, Македонија) и Кристина Светиева (пијано, Македонија).
Во истиот термин во рамки на Младо театарско Охридско лето, во дворот на ОУ „Св. Климент Охридски“ љубителите на театарската уметност ќе може да ја проследат претставата „Со љубовта шегување нема“ во режија на Софија Ристевска.
Оваа претстава е повик за создавање на еден похуман, посолидарен и социјално рамноправен свет, каде што индивидуата ќе има право на слобода и љубов…
OhridNews