Во рамките на манифестацијата Топол културен бран, под покровителство на Министерство за култура на РМ и Општина Охрид, денес, концерт ќе одржи пијанистката Верица Шотаровска.

Шотаровска е добитник на многу меѓународни награди во земјава и странство меѓу кои и првата награда на престижниот натпревар по пијано во Париз “Николај Рубинштајн”.

На концертот како гости ке настапат Тони Арслан (виолина) и Анастасија Милеска(гитара).

На програмата ке бидат застапени дела од Ј.С. Бах, Ф.Тарега, Ф. Шуберт и Р. Шуман.

Концертот ке се одржи во големата сала на Општина Охрид со почеток во 20 часот. Влезот е слободен.

Ohridnews