Во рамки на фестивалот „Охрид те сакам“, денеска концерт ќе одржи Верица Шотаровска, врвна пијанистка од Македонија, која има освоено многу награди на меѓународни натпревари и победник на натпреварот во Париз „Николај Рубинштајн“. Во моментов таа е на постдипломски студии на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје во класата на проф. Јасминка Чакар.
Шотаровска ќе изведе дела од Моцарт, Хајдн и Шуберт.
Концертот ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид со почеток во 20:00 часот.
Влезот е слободен.