На 15 август 2009 реномираниот белградски рокенрол бенд  “ВАН  ГОГ“  ќе настапи во живо на познатата охридска плажа Парк која се наоѓа непосредно до истоимената дискотека.


На концертот кој ќе започне во 24.00 часот публиката ќе има можност да го чуе најновиот албум на „Ван Гог“
„ЛАВИРИНТ“.


За време на нивниот престој во Охрид ќе биде реализирано снимање на музички видео спот во продукција на „Кумевбрадарс продакшн“. Овој спот ќе биде презентиран на повеќе медиуми меѓу кои и МТВ. Картите за концертот по цена од 299ден. се продаваат во „Ликвид“, „Мецофорте“, „Објектив“ и дискотеката „Парк“  во  предпродажба и 399 ден. на лице место. Концертот ќе биде пропратен со видео сценографија специјално подготвена од групата. „ВАН ГОГ“ се добитници на МТВ наградата “BEST ADRIATIC ACT“  во Минхен.

Ohridnews