На 6- ти ноември, во основното музичко училиште „ Методи Патчев“ самостоен концерт ќе одржи младиот вилинист од Охрид, Ѓорѓи Петровски. 22- годишниот Петровски од мала возраст почувствувал дека музиката е неговиот свет. По запишувањето во основното музичко училиште и откривањето на тајните на свирењето на виолина, тој почнува со се поголем ентузијазам да работи и да нижи бројни успеси.
Учествувал на разни натпревари на кои освојува повеќе награди: специјална награда на Државен натпревар во Скопје во 2004, на Меѓународниот натпревар Охридски Бисери добива пофалница и покана за учество на семинар во Музичката Академија Рајналд-Фалц во БОН каде посетува Мајсторски курс по виолина, на Државниот натппревар во Битола во 2006 година освојува прва награда, а во 2007 е второнаграден. Има освоено и прва награда на државен натпревар во 2010, првонаграден е и на Меѓународниот натпревар во Ниш, а на меѓународниот натпревар за виолина „ Бисери“ во 2012 ја освојува третата награда.
Следејќи го својот пат Петровски се запишува во Средното музичко балетско училиште Илија Николоски-Луј, но виолина продолжил да учи во класата на професорот Олег Кондратенко. Паралелно учествувал на Летните музички кампови во 2009 и 2010 година што ги организира Музичката младина на Македонија под раководство на проф.Олег и Ана Кодратенко. Од 2012 активно учествува во оркестарот за филмска музика Fames Project- Film Music Recording Company.
Освен во Охрид, Петровски ќе одржи концерти и во Скоје и Штип.
OhridNews