Во рамки на фестивалот Охридско лето, вечерва, во катедралната црква Св. Софија концерт ќе одржат македонските уметници Страшо Темков – флејта и Марија Вршкова – пијано.
Концертот започнува во 21 часот.
Страшо Темков е еден од најуспешните македонски музички уметници од својата генерација. За време на студиите на Факултетот за музичка уметност во Скопје и последипломските студии на Музичката Академија „Панчо Владигеров“ во Софија соработува со реномираните уметници и педагози од Македонија и Балканот и добива повеќе награди на државните и меѓународните натпревари. Подолг период е прв флејтист во Македонската Филхаромонија, а остварува и бројни солистички и камерни настапи на концертните подиуми.
Марија Вршкова се вбројува меѓу најактивните и сестрани македонски музички уметници од помладата генерација – како солист, камерен музичар, пијано соработник кој настапува со врвни македонски и светски уметници на концертните и фестивалските подиуми во повеќе еввропски земји и САД. Покрај бројните CD-a како пијано соработник, го снимила и своето прво солистичко CD со македонска музика за пијано. Марија Вршкова е добитник на наградата за специјално уметничко достигнување како пијано соработник на интернационалниот натпревар „Охридски бисери“ и наградата „Виртуози“ за најдобриот изведувач во 2012 година.