Откако во јавноста открил дека е хомосексуалец, поп пејачот Рики Мартин се нашол на удар на разни „анти геј“ здруженија, меѓу кои е и една верска организација во Хондурас, која се обидува да спречи одржување на негов концерт во земјата. Претставниците на оваа верска заедница вршат притисок како би се откажал настапот на порториканската ѕвезда закажан за 16 октомври во Тегусигалпи.


Тие тврдат дека сакаат да ја заштитат младината од еротската содржина на спектаклот кој се коси со пристојното однесување. Речиси и да успеале во својата намера, бидејќи иако концертот не бил откажан, со одлука на владата на Хондурас бил забранет за помлади од 15 години.