Рибарски е добитник е на бројни први награди на државни и меѓународни натпревари. Особено значајно за неговиот уметнички развиток е неговото усовршување на Државниот Конзерваториум П.И.Чајковски во Москва во класата на проф. Андреј Диев.
Емил Рибарски активно концертира на меѓународните сцени во Русија, Италија, Турција, Грција, Шпанија и Србија. На концертот ќе изведе познати композиции од Шопен, Рахмањинов и Скрјабин.
Влезот на концертот е слободен.