Во рамки на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во црквата Св. Софија концерт ќе одржат пијанисти лауреати на меѓународни натпревари во 2012
Арсени Тарасевич – Николаев (Русија) – и Варвара Непомнјашчаја (Русија).
Концертот започнува во 21 часот.
Варвара Непомнјашчаја во 2012 г. триумфираше на престижниот пијанистички натпревар „Геза Анда“ во Цирих, одушевувајќи ја публиката и добивајќи суперлативни оѕиви од стручното жири. Варвара Непомнјашчаја постојано настапува како солист со бројни симфониски и камерни оркестри и остварува концертни турнеи во Русија, Германија, Франција, Полска, Италија, Грција, Австрија и Швајцарија. Таа има направено повеќе снимки за радио- и телевизиските куќи во Русија, Германија и Јапонија.
Арсениј Тарасевич-Николаев во 2012 година победи на 5-от Меѓународен пијанистички натпревар „Скрјабин“ во Москва. Оваа победа впечатливо ја дополни листата на успешните настапи на овој сосема млад пијанист роден во 1993 г. Првата победа на меѓународниот натпревар тој ја освои на 10-годишната возраст кога доби прва награда на натпреварот “Ле мусе” во Италија. Потоа следеа други победи во Русија и Италија, а во 2008 г. – и победата на натпреварот „Новите имиња“ во Москва. Уште како студент на Московскиот конзерваториум „Чајковски“, Тарасевич-Николаев учестувува на бројните меѓународни фестивали и настапува во најпознатите концертни сали во Русија и Европа. Неговата изведба се карактеризира со врвниот професионализам, одушевувачки ентузијазм, префинето фразирање и чувство на стил.
OhridNews