По пауза од две години, охридскиот металкор состав Hardfaced повторно со концерт на домашен терен.

На 12-ти Август (петок), во клубот Арена во Охрид ќе одржат концертна промоција на нивниот неодамна излезен албум “Show them what they fear”.

Како гости на промоцијата ќе настапат нивните пријатели Against Them All од Битола и Непокор од Тетово.

Концертот започнува во 20:30 часот а влезниците ќе чинат 150 денари.