Вечерва во 22 часот во кафе барот „Баланс“ во организација на Gabba Gabba Охрид, свој концерт ќе одржи панк-рок дружината „Новиот почеток“.
Новиот Почеток се препознатливи по своите енергични концерти, брзиот калифорниско-инспириран панкрок измешан со старите хардкор корени, мелодичните вокали и многубројните концерти во градовите низ Македонија. Во летото 2009-та, бендот беше дел од фестивалите EXIT во Нови Сад, Србија. Новиот Почеток е македонска хардкор панк рок музичка група, формирана 2002 година, со оргиналното име “Морфиум” во Скопје. Моментално во групата членуваат: Филип Тасевски – Фиц (Fitz aka. Feetz) како вокалист и гитарист (2002-денес), Никола Исаиловски – Fat Cacko како гитарист и позадински вокалист на концертните настапи (2005-денес), Бодин Попов – како тапанар и Александар Петровски – Ace како басист. Бендот до сега има издадено два албуми – “Еволуцијата би требало да започне сега…” (2006), за сопственoto DIY издаваштво Sixtynine Records, и “Агнозија” (2009), за Enterprise Records на македонскиот продуцент Валентино Скендеровски. Фотографија од бендот има на сајтот www.noviotpochetok.com