Младата виолинистка Вероника Мона Богиќ, во рамките на својата двомесечна турнеја во регионот, вечерва со почеток во 19 часот ќе одржи концерт во општина Охрид.

На програмата се дела од Бах, Тартини, Моцарт, Де Фалја, а клавирската придружба е на професор Бисерка Маровиќ.

Богиќ е родена во Белград и има македонски корени. Од најрана возраст покажува интерес за повеќе области на уметноста. Пее, свири на виолина и клавир, слика. Победничка е на многубројни фестивали и меѓународни натпревари во Италија, Словенија, Хрватска и Србија.

OhridNews