Во рамките на манифестацијата „ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН“ под покровителство на Министерство за култура на Р.Македонија и Општина Охрид, денес, концерт ќе одржи пијанистот Марко Албрицио од Италија. Добитник е на многу награди на национални и интернационални натпревари меѓу кои би ги издвоиле: Прва награда на националниот натпревар во Пескара, Златен медал и диплома на интернационалниот фестивал “Франц Лист “во Лука и прва награда на националниот натпревар “Амици ди цастел С. Ангело” во Рим. Во моментов е професор на конзерваториумот “ Л. Морлаки” во Перуџа .

На концертот ке изведе познати композиции од В. Улман, Г. Да Веноза, Ф. Шуберт, Џ. Гершвин и Ч. Кореа.

Концертот ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид со почеток во 20 : 00 ч.

Влезот е слободен.

OhridNews