Во рамки на фестивалот” Охрид те сакам”, денеска, со почеток во 20:00ч. во големата сала на општина Охрид солистички концерт ке одржи Кристина Кавали врвна пијанистка од Италија.

За време на своето школување Кавали учествува на бројни државни и меѓународни натпревари каде бележи значајни успеси. Во моментов активно концертира на познатите музички сцени во Италија, Шпанија, Холандија, Финска , Унгарија и Чешка.

На вечерашниот концерт ќе изведува познати композиции од Бах, Лист, Шуман, Гранадос, Албениц, Скарлати и Гинастера.

Влезот е слободен.

OhridNews