На 27-ми мај со почеток во 20 часот на алтернативната сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи концерт на бендот Hardfaced. Како музичка поддршка, на концертот ќе настапат и членовите на бендот Scatterеd.

-Поминаа скоро две години од последниот концерт на Hardfaced во Охрид и ако не ги земеме во предвид трите исвирени песни на бродот Александрија лани како изненадување за присутните на концертот на „Новиот Почеток“, ова ќе биде прв концерт во Охрид по излегувањето на третиот албум „Dying Lake“ во 2014 година. Ова е прв пат на еден концерт бендовите да свират на инструменти кои се изработени во Охрид од страна на GS Handcraft (гитари и првиот комплетен сет тапани направени во Македонија), како и Зограф засилувачите (Zograf amplification), информираат организаторите.

Картите за концертот може да се набават во Музичката продавница „Зи Зи Топ“ по цена од 100 денари, додека на почетокот на концертот на влезот ќе чинат 150 денари.

Концертот е во организација на Gabba Gabba од Охрид и Diehard booking.

OhridNews