Охридските љубители на класичната музика вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе може да уживаат во концертот на дуото „Харфлеја“.
Дуото го сочинуваат Tамара Џајковска на флејта и Симона Богоевска на харфа.
Како дел од програмата ќе бидат изведени дела од: Ибер, Боца, Турние, Лутославски, Дебиси, Персикети, Сати.
Концертот започнува во 20 часот и влезот е слободен.
OhridNews