Легендарниот гитарски виртуоз Al Di Meola по втор пат ќе настапи во Македонија, но за прв пат во Охрид. Неговиот концерт денеска ќе се одржи под отворено небо на Античкиот театар. Неговиот настап е во рамките на промотивната турнеја за неговото последно албумско издание со наслов „Elysium“.
Mузичарот што читателите на влијателниот магазин „Guitar player“ дури четири пати го прогласија за најдобар џез гитарист, на сцената ќе го придружуваат гитаристот Pеo Alfonsi и перкусионистот Peter Kaszas.
Пошироката светска јавност го запозна Al Di Meola вo 1970-те години, како гитарист во џез-фјужн составот „Return to forever“, во кој членуваат клавијатуристот Chick Korea, басистот Stanely Clark и тапанарот Lenny White.
Организираторот на концертот на Al Di Meola, Авалон продукција најави дека дел од средствата од концертот ќе ги намени за поплавените подрачја во Скопје.
OhridNews