Контроверзниот бугарски пеач Азис наводно денеска ќе допатува во Охрид.
Азис според најавата што ја добибме преку електронска пошта наводно требало да предаде донација на невладиниот „Младински Совет“ за реализацијаа на проекти за подршка на ранливи и маргинализирани граѓани.
Од „Младиснкиот Совет“ демантираат дека имаат било каква врска со контроверзната бугарсака ѕвезда или со неговото евентуално доаѓање во Охрид.
Тие велат дека воопшто ниту контактирале ниту соработувале со Азис и дека информацијата што по електронски пат беше испратена до медиумите е злоупотреба на името на невладината организација.
Оттаму сметаат дека ваквите информации можат само да им нанесат штета на активностите на Младиснкиот Совет кој се занимава со сериозни проекти, но не знаат кој можел и за која цел да го злоупотреби името на невладината организација.
ohridnews