Една од најконтроверзните изложби во светот “Разоткриени тела“, која воодушеви повеќе од 30 милиони посетители, е отворена од денес на Белградскиот саем, пренесува “Блиц“.


Изложени се 14 човечки тела и повеќе од 200 органи.Органите се конзервирани со течна силиконска гума- техника која е сеж поприсутна во медицината и уметноста.Благодарение на оваа техника кардиоваскуларниот и нервниот систем се  детално видливи.

 -Изложбата е наменета за сите луѓе што се заинтересирани за структурата на човечкиот организам. Има многу луѓе кои го злоупотребуваат сопствениот организам.Неправилно се хранат, користат токсични супстанции и имаат недоволен сон. Сето тоа, човечкиот организам го доведува до катастрофални последици.


На оваа изложба посетителите можат да видат како изгледаат заболени органи, како што е мозочен удар, цироза на црн дроб, бели дробови на пушачи и непушачи. Прикажан е и развој на фетус.-изјави за “Блиц“, Јелена Николиќ, доктор од тимот на изложбата.

Експонатите се изложени во неколку простории, каде се прикажани скелетни, мускулни, репродуктивни, респираторни и останатите системи.

Оваа изложба во Белград ќе биде отворена до средината на март, иако предизвика незадоволство кај неколку здружениа за човекови права и кај дел од црквата, пренесува српскиот портал “Блиц“.

З.А.