Европската куќа на ракометот (ЕХФ) подготвува два планови за завршување на ракометните возбудувања во Лигата на Шампиони.

Планот А е оној почетниот кој го донесе ЕХФ после одложување на натпреварите поради коронавирусот. Осминафиналните натпревари да се одиграат во јуни, четвртфиналните во јули додека завршниот турнир е закажан на 23 август во Келн.

Реномираниот спортски весник од Франција „Лекип“ го откри планот Б кој е многу контроверзен. Во зависност од ситуацијата со пандемијата на коронавирусот, ЕХФ планира директно да организира Ф4 турнир. На завршниот турнир би учествувале првите две екипи на табелата од елитните групи.

Вардар кој е бранител на титулата во ЛШ, фазата по групи не ја заврши на првите две места и според планот Б отпаѓа без игра на теренот. Со елиминација на зелена ќе се соочи и ривалот на Вардар во 1/8 финалето, Пик Сегед и уште десет екипи, што е крајно не спортски и најмала рака контроверзно.

OhridNews