Контролор на летање заспал на должност на аеродромот „Роналт Реган“ во Вашингтон, пренесува New York Times“. Дoдека тој спиел слетале два патнички авиони со 165 патници, но за среќа никој не настрадал во бизарниот инцидент.

Неименуваниот контролор бил сам во контролната кула.

Американската сојузна агенција за воздухопловство започна истрага за инцидентот, што се случил синоќа околу полноќ, а заспаниот контролор е суспендиран од работа.

OhridNews