Руската полиција од Владивосток уапсила контролор на летање со голема количина хашиш кој редовно го пушел на работа и дома. Василиј Кравченко(25) го уапсиле возејќи се кон дома. Во автомобилот имал кутија со тутун помешан со хашиш.


Се дознало дека Василиј е контролор на летање во аеродромот во Владивосток. Во текот на истрагата дознале дека пуши хашиш веќе неколку години, а “напушен” координирал слетување и полетување на авиони. Пушењето хашиш не е казниво во Русија, но поседувањето повеќе од 5 грама е.