Поради зголемениот број на посетители и настани за време на Велигденските празници, се воведува контролирано спуштање на рампата во стариот дел на градот со цел зголемување на безбедноста на пешаците и регулирање на сообраќајот во тој дел на градот, информираат од ЈП Билјанини Извори.

Посочуваат на рампата кај Горна Порта и тоа во периодот од 18 април, петок, од 07 часот до 22 април, вторник во 07 часот.

Во тој период ќе биде ограничен пристапот на моторни возила, освен за жители на стариот дел на градот. Одлуката се донесе согласно минатогодишното искуство и согласно барањата на жителите од тој дел на градот. Ве молиме за разбирање и почитување на поставените знаци и упатства од надлежните лица, посочуваат од претпријатието.

OhridNews