На 09/10.02.2024 година, полициски службеници од СВР Охрид извршија акциски контроли по угостителските објекти во градот.
При тоа во 03 часот, во еден локал лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, затекнати се повеќе малолетни лица. Врз основа на констатираниот прекршок, против правниот субјект и одговорното лице, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.
OhridNews
фото. Архива